Правдико

   

Увид на местото на тројно убиство во Дебар

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид во приватна куќа во Дебар каде што се пронајдени безживотни тела на три лица.

Според првичните сознанија, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија. Сторителот засега е непознат.

Надлежен јавен обвинител е на терен и работи на откривање на сторителот и на утврдување на мотивите. Во таа насока, издадени се серија наредби за прибирање траги од лице место, вештачења и претреси.

Според МВР на 26.08.2018 година во 20.45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено е убиство. Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на А.П.(54)  и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга Н.П.(53) и нивната 14 годишна ќерка. Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

Партнери на Правдико