Узбекистански новинар ослободен по 17 години затвор | Правдико

Правдико

   

Узбекистански новинар ослободен по 17 години затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Познатиот новинар и политички затвореник во Узбекистан Мухамед Бекјон е пуштен на слобода, откако помина 17 години во затвор. Новинарот Мухамед кој има 63 години е ослободен денеска по завршувањето на казната.

Репортери без граници наведоа дека тој е “еден од најдолго држените новинари во затвор во светот.” Бекјон беше главен уредник на опозицискиот весник Слобода , а бил принуден да побегне во странство во 1994 година.

Во 1999 година, тој беше киднапиран во Киев, Украина, и донесен во Ташкент, каде што беше осуден за вмешаност во наводниот терорист напад насочен против тогашниот претседател Ислам Каримов и осуден на 12 години затвор. Тој ги негираше обвинувањата и ги оцени како политички мотивирани.

Во 2011 година, само еден месец пред неговото ослободување, затворската казна му беше продолжен за четири години и осум месеци. Узбекистанскиот лидер Каримов почина во 2016 година.

Неговиот наследник, претседателот Шавкат Мирзијаев изврши ослободување на политичките затвореници како дел од политиката на постепено намалување на авторитарната контрола во земјата.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико