В недела во Париз меѓународна средба за борба со тероризмот | Правдико

Правдико

   

В недела во Париз меѓународна средба за борба со тероризмот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министрите за внатрешни работи и правда на земјите-членки на Европската унија и на САД в недела во Париз ќе присуствуваат на меѓународна средба посветена на борбата со тероризмот.

08012015203933_ajfelova kula

Меѓу учесниците ќе биде и американскиот секретар за правда на САД, Ерик Холдар, координаторот на ЕУ за борба со тероризмот Жил де Керхов, еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.

– Средбата е израз на солидароност со Франција по крвавиот напад врз редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, како и да се разгледа заедничкиот предизвик испратени од терористите. На него можеме да дејствуваме само заедно, во ЕУ и надвор од неа, посочи францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казњов.

Средбата ќе се одржи во француското Министерство за внатрешни работи.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико