В понеделник пресуда за едностраното излегување на Британија од ЕУ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европскиот суд на правдата соопшти дека одлуката за тоа дали Велика Британија може еднострано да излезе од ЕУ ќе биде донесена в понеделник.
Одлуката се носи со невообичаена итност, во пресрет на клучното гласање во британскиот парламент за тоа дали ќе го прифати договор за брегзит, кој го постигна британската премиерка Тереза Меј, наведува Ројтерс.
Минатата недела Европскиот суд на правдата соопшти дека Велика Британија може еднострано да ја смени одлуката за излез од Европската Унија. Заговорниците кои се за останување на Британија во ЕУ, се надеваат дека тоа би можело да го отвори патот за одржување на уште еден референдум и запирање на брегзитот.
Адвокатите на група шкотски политичари побараа од Судот да протолкува дали Британија може да ја смени одлуката за напуштање на Европската Унија по член 50 од Лисабонскиот договор без согласност од останатите 27 земји членки на Унијата.
Извор: Макфакс