Вајгл: ЕУ не размислува стратешки
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ЕУ со последната одлука за Македонија покажа дека не размислува стратешки. Непочитувањето на препораките на Комисијата и Парламентот од Советот на ЕУ, го руши кредибилитетот на европоскитe институции, вели известувачот за Македонија, словенечкиот европратеник Иво Вајгл, анализирајќи ја последната одлука на Европскиот совет да го одложи доделувањето датум за почеток на преговорите со Република Македонија.
Одлуката да не се отворат преговорите за зачленување на Македонија во ЕУ, наиде на критики во Европскиот парламент и разочарување што неговите препораки и тие на Комисијата повторно не беа сослушани, за словенечкиот европратеник е „слаба порака“.
– Тоа е слаба порака не само за Македонија, туку и за Европската Унија, бидејќи тоа покажува дека има премалку стратешко размислување кога се донесуваат одлуки. Мислам дека е апсолутно потребно да се донесеше што е можно побрзо одлуката за почеток на преговорите со Македонија. Со што, на процесот кој трае предолго и е забавен само поради едно прашање и една држава која го блокира почетокот на преговорите, ќе му се стави крај, вели Вајг.
Тој притоа изразува надеж дека ваквата ситуација нема да продолжи и во иднина.
– Овој пат повторно преовлада стариот дух. Се надевам дека истото нема да се случи и во следната пригода. Ние во Европскиот парламент ќе се ангажираме за да напреднат работите. Кога станува збор за европската иднина на Македонија, треба да се гледа во иднината, а не во минатото – рече тој.
Вајгл очекува новата Европска комисија да најде начин за излез од оваа ситуација.
– Со оглед дека новиот претседател на Европската Комисија, Јункер воведе нов дух во размислувањето на Комисијата, малку повеќе позитивна енергија и прагматизам, верувам дека и новата Комисија ќе даде нов поттик и поинакво размислување во однос на европската иднина на Македонија, потенцира Вајгл.
Известувачот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија во еврооинтеграцијата со совет до Македонија дека мора и понатаму да работи за да се применат кртериумите, вредностите и стадардите кои важат во Европската Унија и кои се неизбежни за државите кандидати.
– Македонија, исто така, мислам дека треба да даде порака за својата внатрешна консолидација со што ќе најде начин да се реши блокадата на Парламентот. Парламентот е тој кој испраќа пораки како дома, така и во светот, сугерира Вајгл.
Првиот извештај на Иво Вајгл за Македонија ќе влези во парламентарна процедура на почетокот од 2015 година, по што препораките од европратениците ќе бидат повторно преточени во резолуција што ќе треба да се гласа на пленарна сесија.
Извор: Нова Македонија