Валс за „паметни“ правила во еврозоната и против членство на Турција | Правдико

Правдико

   

Валс за „паметни“ правила во еврозоната и против членство на Турција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот француски премиер Мануел Валс изјави денеска дека ако биде избран за претседател на Франција, би го одржувал буџетскиот дефицит на земјата до три отсто од бруто домашниот производ, но дека нема да инсистира на нулто ниво.

03012017134206_web_manuel_vals

Се очекува во текот овој месец тој и официјално да ја претстави предизборната платформа за учество во претседателските избори во Франција.

Валс повика за „паметна примена“ на правилата од Пактот за стабилност и изјави дека се противи на приклучувањето на Турција кон Европската унија.

Поранешниот француски премиер, кој поднесе оставка минатиот месец, планира да ја обедини социјалната помош во единствен пристоен приход.

Валс води во анкетите за прелиминарните избори на левицата, кои треба да се одржат кон крајот на месецот. Според анкетите, сепак има мала веројатност тој или кој било друг претставник на лево орентираните партии да стигне во вториот круг од претседатските избори.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико