Вангеловски го проверувал системот, не налогот на Катица Јанева | Правдико

Правдико

   

Вангеловски го проверувал системот, не налогот на Катица Јанева

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и раководителот на службата за информатика при Врховниот суд вчера во Основниот суд Гевгелија биле во контрола на АКМИС-системот. Вака од Врховниот суд ја објаснија посетата преку соопштение наведувајќи дека се работи за вообичаени активности во насока на подобрување на функционирањето на АКМИС-системот.

Во соопштението на Врховниот суд не се споменува дека заедно со Вангеловски бил и претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Вангелоски негира исто така дека бил во гевгелискиот суд за да провери како Катица Јанева го добила налогот за да изврши претрес кај поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, бидејќи само правел редовна контрола на АКМИС-системот.

„Во текот на 12.10.2017 година беше остварена работна посета на Основниот суд Гевгелија од страна на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и раководителот на службата за информатика при Врховниот суд, при што беше извршена контрола на функционирањето на АКМИС-системот. По добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на АКМИС-системот, ќе бидат донесени соодветни заклучоци за кои јавноста ќе биде информирана.

Ваквиот тип работни посети се планирани во наредниот период во сите судови во Македонија. Се работи за вообичаени активности во насока на подобрување на функционирањето на АКМИС-системот“, стои во соопштението од Врховниот суд.

Караџоски сè уште молчи и не открива дали тој бил да ја преиспита законитоста на налогот за Панчевски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико