Вангеловски на средба со експерти за владеење на правото предводени од Прибе
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, оствари средба со групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од Рајнхард Прибе.
Од Врховниот суд соопштија дека на средбата се разговарало за актуелната состојба во судството и предлог мерките за спроведување на реформи во судството подготвени од страна на Вангеловски.
„Предложените мерки се со цел остварување на концептот за независно и непристрасно судство, како гарант на демократијата и владеењето на правото, во функција на заштита на човековите слободи и права“, соопшти Врховниот суд.
Извор: Макфакс