Варела: Панама ќе соработува во меѓународната истрага за офшор сметките | Правдико

Правдико

   

Варела: Панама ќе соработува во меѓународната истрага за офшор сметките

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

10052016130305_Huan Karlos Varela -panamaПретседателот на Панама Хуан Карлос Варела денеска изјави дека неговата земја ќе ги споделува информациите и ќе соработува со меѓународната истрага за панамските офшор сметки, по вчерашното обелоденување на дел од таканаречените „Панамски документи“, пренесуваат американските медиуми

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари вчера на својот сајт закачи дел од милионите документи, кои „протекоа“ од   панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ за користење на даночните раеви и “фантомски фирми“ од богати и моќни луѓе со цел прикривање на пари и одбегнување на плаќање даноци.

„Мосак Фонсека“ соопшти дека протекувањето на документите е резултат на хакерски напад во нивниот систем.

Варела пред новинарите во Панама Сити кажа дека мисли дека треба поинтезивно  да почне да се зборува за тоа што се случува во Панама. „Панамските документи се проблем на светскиот финансиски систем“, додаде тој.

Истражувачките новинари, кои ги проучуваат информациите од Панамските документи, соопштија дека адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ имала врски со десетици Американци, обвинети за финансиски прекршоци. Новинарите изјавија дека една од дејностите на „Мосак Фонсека“ била да основа офшор компании за луѓе кои имале проблеми со правдата. Основањето офшор компании не е незаконско, но тие компании потоа може да бидат искористени за прикривање пари од властите, напоменуваат американските медиуми.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико