Вашингтон пост: Се подготвува тужба против Трамп | Правдико

Правдико

   

Вашингтон пост: Се подготвува тужба против Трамп

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државните обвинители од американската сојузна држава Мериленд и дистриктот Колумбија денеска ќе поднесат тужба против претседателот Доналд Трамп, тврдејќи дека ги „прекршил антикорупциските уставни одредби примајќи милиони долари од странски влади откако се преселил во Белата куќа“ објави „Вашингтон пост“.

Тужбата се базира на „тврдењето дека Трамп одлучил да го задржи сопствеништвото над своите компании кога станал претседател“.

Доколку сојузниот суд дозволи покренување постапка, генералните обвинители Карл Рејсин и Брајан Фрош прво ќе побараат да се открие даночната пријава на Трамп за да се утврди обемот на странски трансакции во рамки на неговиот бизнис.

Некои обвинители сметаат дека таа борба, најверојатно, ќе заврши пред Врховен суд.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико