Вашингтон разлутен по правниот пораз во Хаг | Правдико

Правдико

   

Вашингтон разлутен по правниот пораз во Хаг

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Меѓународниот суд на правдата им наложи на САД привремено да суспендираат некои од санкциите против Иран. Американците реагираат бесно. Сите договори кои се однесуваат на судот на ОН се ставени под лупа.

„Политички инструментализиран и неефикасен“, изјави Џон Болтон советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп за препораката на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг, по правниот пораз на САД во спорот со Иран. Владата на САД ја оспорува надлежноста на судот за ова прашање и оди натаму:

Според Болтон, владата во Вашингтон сега ги разгледува сите договори кои се поврзани со Меѓународниот кривичен суд. САД нема пасивно да набљудуваат како судот во Хаг донесува неодржливи и политички мотивирани обвинувања против нив, порача Болтон.

Во меѓувреме амерканскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД го поништиле т.н.  Договор за пријателство со Иран од 1955 година со кој се воспоставуваат економски односи и конзуларни права.

И оваа одлука е реакција на пресудата на највисокиот суд на ОН кој наложи САД да ги укинат санкциите за Иран кои влијаат на увозот на хуманитарни производи. Во прелиминарна пресуда судот соопшти дека Вашнгтон мора да го промени начинот на кој самиот ја избира секоја препрека која се појавува поради повторно воведување санкции за извоз во Иран на лекови или на медицински уреди, храна, земјоделски добра и резервни делови и опрема неопходни за обезбедување безбедносна цивилна авијација.

Иран наведе оти санкциите кои ги воведе администрацијата на претседателот Доналд Трамп по повлекувањето од нуклеарниот договор од 2015 година го прекршиле т.н. Договор за пријателство.

Помпео изјави дека со укинување на овој договор се доцни веќе со децении. Тој рече дека Иран го злоупотребил Меѓународниот суд на правдата за политички и пропагандни цели и додаде оти тврдењата на Иран се „апсурдни“.

Иран пак на објавата на Помпео реагираше остро нарекувајќи ги САД „отпаднички режим“.

„САД денеска се повлекоа од американско-иранскиот договор откако МСП нареди да престанат со негово кршење, казнувајќи го со тоа иранскиот народ. „Отпаднички режим“, напиша на Твитер, шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф.

Извор: Deutsche Welle

Препорачуваме

Партнери на Правдико