Вашите права и обврски при сообраќајна контрола | Правдико - Part 2

Правдико

   

Вашите права и обврски при сообраќајна контрола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

srb-saobracajciКонтрола на возачи и други учесници во сообраќајот

Контрола на возачи се врши заради утврдување дали тие поседуваат соодветни исправи и дали ги исполнуваат другите услови согласно прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата. За вршење на контролата, полицискиот службеник може да побара од лицето кое го управува возилото, да ги покаже потребните исправи за увид во истите.

Полицискиот службеник нема да му дозволи на возачот да управува со возилото ако утврди дека:

1. управува или се обидува да управува со возилото со алкохол во организмот или покажува знаци на алкохолна растроеност, односно дека се наоѓа под дејство на опојни дроги, психотропни супстанции или на други лекови на кои е означено дека не можат да се употребуваат пред и за време на возењето;

2. е заморен, болен или очигледно е во таква психофизичка состојба поради која е неспособен безбедно да управува со возилото;

3. управува со возилото, а не му е издадена возачка дозвола или истата е издадена за друга категорија возила;

4. управува со возилото, а не користи или ги нема при себе помагалата наведени во возачката дозвола  и

5. кандидатот за возач не ги исполнува условите што се пропишани за кандидатот кој се оспособува за возач на возило на моторен погон.

Полицискиот службеник ќе му дозволи на возачот од точка 4 да управува со моторното возило ако на негово барање ги употреби помагалата што ги има при себе. Овие правила се однесуваат и применуваат и на возач -инструктор кој оспособува кандидати за возачи.

Се смета дека управува, односно дека се обидува да управува со возило, со алкохол во организмот или со знаци на алкохолна растроеност, односно под дејство на опојни дроги, психотропни супстанции или на други лекови на кои е означено дека не можат да се употребуваат пред и за време на возењето, возач за кого:

1. полицискиот службеник според надворешните манифестации и однесувањето со сигурност може да заклучи дека лицето е во состојба на изразено пијанство и

2. со помош на соодветни средства или апарати (алкотест, алкоскоп и слично), извршен лекарски преглед, односно извршена анализа на крв или анализа на крв и урина е утврдено дека е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции или лекови.

Ако утврдувањето на присуството на алкохол се врши на начинот точка 1  полицискиот службеник во својот извештај, кога е тоа можно, ќе ги наведе и сведоците кои можат да ги потврдат неговите забележувања или за тоа ќе обезбеди други докази. Полицискиот службеник го утврдува присуството на алкохол на еден од начините наведени во точка 2  ако за тоа постојат можности, при што првенствено ги применува оние начини на утврдување кои се најповолни за возачот.

soobracajna kontrola tetovo 26.09.2014Исклучување од сообраќајот на возач

Исклучување од сообраќајот на возач во случаите погоре, се врши на еден од следните начини:

возачот се исклучува од сообраќај, а возилото се задржува додека возачот не најде друго лице – возач кој ќе го одвезе возилото;

ако возачот се спротивставува на полицискиот службеник, одбива да се подложи на испитување, не сака да го прекине управувањето со возилото, продолжува со вршење на прекршокот или одбива да ги предаде возачките исправи, се превземаат пропишани мерки заради утврдување на неговиот идентитет и се предава на здравствена установа заради утврдување на алкохол во организмот или дејство на дроги или други психотропни супстанции или лекови, а неговото однесување се документира во барањето за поведување на прекршочна постапка со посочување на сведоци и други доказни материјали;

– ако во возилото се наоѓаат малолетни лица, стари или болни лица и во други случаи кога ќе се оцени дека тоа е потребно, се преземаат мерки овие лица да се згрижат и

– доколку во возилото има и друго лице – возач кој не е под дејство на алкохол, може да му се дозволи да го одвезе возилото.

Исклученото возило , се остава на безбедно место каде што е извршена контролата, а клучевите му се даваат на возачот. Меѓутоа, ако е очигледно дека возачот нема да ја почитува наредбата и повторно ќе управува со возилото, истото се сместува на безбедно место (во кругот на објектот на Полицијата, на паркинг или во кругот на друг соодветен објект или слично), клучевите се одземаат, а на возачот му се соопштува кога и каде да се јави за превземање на клучевите и возилото.

Возач кој управува со возило, а не му е издадена возачка дозвола или управува со возило од категоријата што не е означена во возачката дозвола, се исклучува од сообраќај, додека не се доведе друго лице – возач за да го преземе возилото. Возач кој управува со возило и во моментот на контролата кај себе нема возачка дозвола, се исклучува од сообраќај се додека низ соодветна постапка не се утврди дека истата ја поседува.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Кога полицијата може да врши преглед на возило и багаж

– Општи принципи при полициска интервенција

– Листа на глоби за сообраќајни прекршоци

– За колку време застаруваат сообраќајните прекршоци?

–  Задолжителна опрема која треба да ја поседувате за возило и велосипед

Добивај најнови вести на e-mail

Страници: 1 2

Препорачуваме

Партнери на Правдико