Правдико

   

Василевски: Нема да се дадам во бегство, сам се предадов на полицијата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во врска со мерката притвор, доколку ми ја уважите жалбата сакам да кажам дека нема да се дадам во бегство. На почетокот самиот се јавив пред истражниот орган за да учествувам во текот на целата постапка. Претходно отсуството беше поради мојата семејна состојба. Чекав да ја видам здравствената состојба на моето дете кое беше во инкубатор во Систина. Откако видов дека е се во ред си го земав ранецот и сам се пријавив на органите за прогон, рече Александар Василевски Нинџа, на денешната седница на Апелациониот суд, обвинет за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

Тој рече дека на ниту една снимка од Собранието кои беа презентирани на рочиштето за 27 април го нема како прави насилство, ниту дека повикува толпа, туку само како седи во ресторанот „Дион“ на кејот на Вардар.

Адвокатот на Нинџа, Звонко Давидовиќ претходно истакна дека 7 пати неосновано се продолжува притворот на Василевски со препишано решение што е срамно за судот.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико