Василевски: Спиро Ристовски и Кирил Божиновски ги контролираа водачите на протестите на 27 април | Правдико

Правдико

   

Василевски: Спиро Ристовски и Кирил Божиновски ги контролираа водачите на протестите на 27 април

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Никој не ја знаеше режијата, сите ние бевме статисти на еден фронт играјќи игри за кои не бевме свесни, вклучувајќи ме и мене, рече обвинетиот Александар Василевски – Нинџа, кој беше посочен како главен оперативец на Управата за безбедност и контраразузнавање во врска со настаните и упадот во Собранието на 27 април минатата година.

Василевски на денешното рочиште во кривичниот суд рече дека поранешниот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристoвски, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, биле оние што ги контролирале водачите на протестите – Борис Дамовски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Игор Дурловски.

Василевски повтори дека целата операција се водела од оперативниот штаб сместен на осмиот кат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде што бил и тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

„Никој не го посакуваше тоа што се случи на 27 април. Тоа беше хорор што јас го доживеав, го споделив со Јавното обвинителство, а денеска го споделувам со македонската и меѓународната јавност со цел Македонија да оди напред“, рече Василевски.

Обвинетиот исто така кажа дека некои од инволвираните во случајот добиле финансиски средства за водење на процесот на 27 април.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико