Вчера издадени 4.076 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил | Правдико

Правдико

   

Вчера издадени 4.076 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

146987_1026-granica-imigranti-foto-beta-str_origВо периодот од 08,00 часот на 26.10.2015 до 27.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 4.076 странски државјани, од кои 2.153 се од машки пол, 695 се од женски, 932 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 296 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан –2.240, Сирија-1.201, Ирак-300, Иран-191, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 27.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 182.978 странски државјани, од кои, 113.687 се од машки пол, 26.108 се од женски, 34.768 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.415 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-121.849, потоа Авганистан-33.387, Ирак-14.254, Пакистан-4.046, Иран-2.967, Палестина-1.623, Сомалија-943, Бангладеж-881, Конго-471, Нигерија-251, Камерун-222, Еритреја-207, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 26.10.2015 до 27.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 27.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 26.10.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
25.10/ 21.00 ч. – 26.10 / 21.00 ч.

Табановцe
Укажана прва помош на :227 лица
Вода : 114 шишиња
Пакети со храна:4 ( дополнително се делат сендвичи, донација од Прокредит Банка- 150)
Ќебиња: 36
Пелени:12
Хигиеснки пакети: 8
Бебе сет 8

Гевгелија
Укажана прва помош на: 918 лица
Вода : 1486 шишиња
Пакети со храна:329
Бисквити:6 кутии ( х 100)
Хигиенски пакети:
Ќебиња:471
Пакети прва помош: 2
Чоколадно млеко: 25
Млеко за бебе: 4
Транспорт: 3 лица

Партнери на Правдико