Правдико

   

Вчера издадени нови 1217 потврди за барање азил

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Part-PAR-Par8204333-1-1-0Во периодот од 08,00 часот на 30.08.2015 до 31.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.217 странски државјани, од кои, 856  се од машки пол, 144  се од женски, 173 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 44 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-883, Авганистан – 180,  Ирак–86 додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 31.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 52.757странски државјани, од кои, 36.417 се од машки пол, 7.224 се од женски, 8.174 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 942деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-42.723, потоа Авганистан-2.775, Ирак-2.477, Пакистан-1.616, Палестина-694,Сомалија-564, Бангладеж-357, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-158 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 27.08.2015 до 31.08.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 31.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 30.08.2015 година евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои 9 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 2 барателки на азил се жени ( од кои 1 барателка на азил е хоспитализирана поради браменост), 3 баратели на азил се малолетни лица и 1 барател на азил е малолетен без придружба со повреда.

Партнери на Правдико