Правдико

   

„Ве каниме на свадбата на Вирус и Корона“ – активисти со акција во Тетово алармираат за состојбата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предупредувачки покани за свадби осамнаа на улиците во Тетово со цел да се укаже на опасноста од големите прослави поради здравствената состојба во земјата.

Организаторите на акцијата велат дека двојки во Тетово, без почитување на протоколите, почнале да прават масовни свадби во своите дворови, па затоа сакаат да предупредат на цената од неодговорното однесување.

„Владата забрани јавни масовни собири, а тука спаѓаат и приватните собири за одбележување на семејната радост или тага. Се затворија рeстораните кои функционираат само за свадбени прослави, а тие работат со доставување храна дома. Но, ова не е пречка за младоженците Вирус и Корона, кои во весела атмосфера во центарот на градот ја одбележаа нивната љубов со огромна свадба. На свадбата се поканети над 300 гости, кои мора да го почитуваат кодот на облекување – маски, што треба да ги држат на раката, а не на лицето, а тие да бидат комбинирани со облеката“, гласат пораките, со кои иронично се доловува апсурдот на организирањето свадби во дворовите за време на епидемијата.

„Да се игра оро како човек, вирусот го снема – тој е прогласен за мртов“, пишува на поканата за свадба, која е поставена во центарот на градот од страна на младите активисти од Тетово.

Целта на оваа акција е да се подигне јавната свест кај граѓаните за почитување на мерките, да бидат одговорни, солидарни, а сè со цел да го заштитиме колективното здравје во нашиот град. Масовните веселби сепак да ги оставиме за некои подобри времиња, порачуваат активистите.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико