Вељаноски ги распиша изборите на 5 јуни | Правдико

Правдико

   

Вељаноски ги распиша изборите на 5 јуни

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

veljaneПретседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори што ќе се одржат на 5 јуни, соопшти собраниската прес служба. „Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година.

Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи“, наведува Вељаноски во пишаната изјава во која изразува уверување дека изборите ќе се одржат во мирна и демократска атмосфера.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико