Правдико

   

Вељаноски: Нема уставна можност да го свикам Собранието

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, нема да го свика парламентот, што е еден од условите за СДСМ да учествува на лидерската средба в петок во Виена.

91adb198-edc4-49c7-8b58-b7e155abb001

Во врска со прес-конференцијата на СДСМ, Вељаноски преку соопштение информира дека во согласност со членот 63, став 6 од Уставот, ако Собранието се рапушти и за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници, нема можност повторно истиот пратенички состав да се состане.

„Тоа, во суштина, значи дека какво било свикување на седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата. Во оваа смисла, сакам да ѝ укажам на македонската јавност дека највисоката институција за оцена на уставноста, Уставниот суд, уште пред една деценија има расправано и одлучувано во врска со споменатото прашање, при што крајно логично заклучува дека, цитирам: „…со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста“. Врз основа на споменатото, повеќе од јасно е дека уставните норми што се однесуваат на почетокот, траењето и на завршувањето на мандатот на пратениците се сосема јасни и недвосмислени, при што секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо прекршување на Уставот на Република Македонија“, заклучува Вељаноски во соопштението.

Извор: Мета

Партнери на Правдико