Вељаноски утре ќе ги распише претседателските избори | Правдико

Правдико

   

Вељаноски утре ќе ги распише претседателските избори

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, во интервју за МИА соопшти дека утре ќе ги распише претседателските избори и ќе го соопшти датумот на нивното одржување.
veljane– Уставна надлежност и обврска на претседателот на Собранието е да ги распише изборите. Во конкретниот случај имаме редовни претседателски избори кои треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај и јас утре, во сабота на 1 февруари ќе ги распишам и ќе го одредам датумот на одржувањето на претседателските избори.
Во однос на прашањето дали ќе има или ќе нема предвремени парламентарни избори, тоа не е во моја надлежност како претседател на Собранието.
Тоа е надлежност на Собранието, кое треба прво да се самораспушти за потоа да се одржат предвремени парламентарни избори. Во овој момент можам да кажам дека утре ќе бидат распишани претседателските избори, рече Вељаноски.
Собранието, според него, засега нормално работи.
– Тоа само покажува дека ние не смееме да бидеме под влијание на моменталната атмосфера.
Законите, односно одлуките што треба да ги носи Собранието не смеат да бидат под влијание на вештачки или на некој друг начин создадена атмосфера во јавноста, вели претседателот на Парламентот.
Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико