Вељаноски во „Организатори на 27 април“: Жалам, сите сме жртви | Правдико

Правдико

   

Вељаноски во „Организатори на 27 април“: Жалам, сите сме жртви

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска сведочеше како првообвинет за организирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, познат како „крвавиот четврток“. Вељановски пред Судот ја објаснуваше процедурата за водење на седници и даде хронологија на настаните на конститутивната седница од првата пратеничка координација на 29-ти декември 2016-та до упадот во Собранието на 27-ми април 2017 година.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс-министрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Поранешниот собраниски спикер негираше дека тој ден или воопшто зборувал за конститутивната седница на Паралемнтот со останатите тројца обвинети во случајот – поранешните министри Миле Јанкиески и Спиро Ристески и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. Според Вељаноски, рече дека е „голема лага“ изјавата на сведокот Александар Василевски Нинџа дека добивал наредби за инцидентите од тогашната заменичка министерка Билјана Бришкоска. Тој изрази жалење за настаните од 27-ми април и додаде дека „смета дека сите се жртви на тој настан“.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико