Велешанец во неколку наврати силувал 17-годишна девојка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во велешката полиција во текот на вчерашниот ден 17-годишна девојка, во присуство на родителите и адвокатот, пријавила дека подолг период обљуба врз неа вршел 29-годишен велешанец.
Според нејзиниот исказ, Д.Р. сексуално ја злоупотребил во неколку наврати, од 31 јули до 3 август годинава.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс