Правдико

   

Велешанец заработи кривична пријава за компјутерска измама

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска (10.04.2019), по претходно обезбедени судски наредби за претрес поради сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР изврши претреси на објекти во кои престојува Т.А.(35) од Велес, и тоа на ул.„23 Октомври“ во Скопје и на ул.„ Орце Мартинов“ во Велес.

При претересите пронајдени се предмети што потекнуваат и се поврзани со кривичното дело и тоа два GSM gateway уреди, еден уред за поврзување на опремата, еден simbox уред, 38 сим картички и еден мобилен телефон од кој е вршена активација на картичките. Против Т.А. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство поради основано сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама по чл. 251-б од КЗ на РСМ. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема дополнителни активности со цел да се утврди дали пронајдената опрема и сим картички биле користени и за други нелегални активности.

Партнери на Правдико