Велика Британија го ограничи бројот на децата-бегалци кои ќе ги прими | Правдико

Правдико

   

Велика Британија го ограничи бројот на децата-бегалци кои ќе ги прими

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Конзервативната влада во Велика Британија го ограничи бројот на деца бегалци кои ќе бидат примени, а кои се одвоени од своите родители во конфликтот во Сирија и други земји.

Велика Британија ќе прими околу 350 деца, што е далеку помалку од 3.000, колку што првобитно се очекуваше, но досега се донесени околу 200.

Британскиот министер за внатрешни работи, Амбер Рад рече дека одлуката е донесена откако Франција изрази загриженост дека потезите на британската влада може да ги охрабри децата да одат на опасно патување во Европа.

“Ние не велиме дека ја затвораме вратата, туку поставуваме подвижен мост”, рече британскиот министер.

Одлуката беше контроверзна, бидејќи Велика Британија досега прифати мал дел од стотици илјади бегалци во средината на бранови на имигранти во Европа.

Пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент го обвинија Амбер Рад дека се обидува да ја усогласи политиката на земјата со уредбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за забрана на влез во САД за граѓани од седум претежно муслимански земји, меѓу кои е и Сирија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико