Правдико

   

Велика Британија ја легализира марихуаната

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Велика Британија од денеска е дозволено користење канабис во медицински цели, а пациентите ќе може да го добијат на рецепт.

Докторите во Велика Британија првпат имаат можност да им препишат производи што содржат канабис на пациентите кои трпат силни болки.

Ваквата одлука дојде по кампањата што беше спроведена летово, а ја покренаа родители, меѓу кои и Шарлот Колдвел, чиј син боледува од епилепсија.

За да напарави масло од канабис кое ќе му помогне на нејзиниот син да ги котролира нападите, Шарлот отишла во Канада, но не ѝ било дозволено да се врати во Велика Британија. Овој случај доведе до преиспитување на внатрешната политика, по што британскиот министер за внатрешни работи, Сајид Џавид, по советување со експерти донесе закон за користење канабис во медицински цели.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико