Велика Британија одреди казна затвор за жена која ја присилувала својата ќерка тинејџерка да стапи во брак | Правдико

Правдико

   

Велика Британија одреди казна затвор за жена која ја присилувала својата ќерка тинејџерка да стапи во брак

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Британија осуди жена на четири и пол години затвор затоа што ја присилувала својата ќерка тинејџерка да стапи во брак со роднина во Пакистан.

Жртвата вели дека имала 13 години кога била принудена да склучи брак со 16 години постар маж. Таа забременила и подоцна абортирала.

Таа изјавила дека во 2016 година, пред нејзиниот 18. роденден, била измамена да замине во Пакистан мислејќи дека оди на семеен одмор, за подоцна да биде принудена да стапи во брак.

Мајката, која не може да биде именувана со цел заштита на идентитетот на нејзината ќерка, беше прогласена за виновна во вторникот од страна на поротата во Кралскиот суд во Бирмингем, централна Англија.

Судијата Патрик Томас во средата изјави дека таа „сурово ја измамила“ својата ќерка.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико