Велика Британија се соочува со тужба за загадување на воздухот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатската компанија за животната средина ClientEarth поднесе тужба во петокот против владата на Велика Британија за нејзиниот наводно неуспех во борбата против нелегалното загадувањето на воздухот.
Адвокатското друштво поднесе документи во кој се наведува дека Велика Британија се соочува со 40.000 прерани смртни случаи од загадувањето на воздухот секоја година и дека “Владата не ја исполни наредбата на Врховниот суд да се подобри квалитетот на воздухот, и не успеа да преземе соодветни мерки и да се соочи со јавната здравствена криза. ”
ClientEarth ја поднесе тужбата во Врховниот суд во Лондон, а во тужбата се спомнува секретарот на Велика Британија за животна средина како обвинет, а именувани се и министри од Шкотска и Велс, градоначалникот на Лондон, како и Министерството за транспорт како “засегнати страни” во овој случај.
Минатата година, Врховниот суд пресуди во корист на ClientEarth и ѝ нареди на владата да достават нови планови за квалитетот на воздухот за да се намали загадувањето на воздухот. Новата тужба бара од судот да ги поништи овие планови и да ѝ нареди на владата да се направат нови. Адвокатскиот тим вели дека првичните планови се несоодветни за да се намали емисијата на азот диоксид.