Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа кај „Рамстор“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Триесет и четиригодишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Центар.
Според информациите на МВР, вчера, во 8 и 29 часот во полиција било пријавено дека во Ургентен центар Скопје, со тешки телесни повреди, бил донесен В.А. (34) од Скопје.
Тој се здобил со повреди во сообраќајна незгода што се случила на булевар „Мито Хаџивасилев Јасмин“, поточно кај трговски центар „Рамстор“.
„Додека В.А. управувал велосипед бил удрен од теренско возило Ивеко со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.З. (43)“, соопшти МВР.
Извор: Макфакс