Венецијанска комисија препорачува да продолжи емитувањето на бомбите | Правдико

Правдико

   

Венецијанска комисија препорачува да продолжи емитувањето на бомбите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Венецијанската комисија препорачува сериозна ревизија на Законот за заштита на приватноста или во јавноста познат како Закон за забрана на бомбите. Во објавениот текст со мислење за два закони, Комиисијата при Советот на Европа, предлага дека законот треба да дозволи да продолжи објавувањето на материјали кои се од јавен интерес и притоа попрецизно да се разграничи каде завршува јавниот, а каде почнува приватниот интерес.

venecijanska-komisija-1024x551

Прво, не е јасно дали Законот за заштита на приватноста треба да ги покрие сите пресретнати материјали добиени незаконски со текот на времето, или само материјали од специфично потекло имено како оние кои биле добиени како резултат на следење, наводно, организирани во рамките на „УБК“. Најпроблематичен дел од Законот за заштита на приватноста е забраната за откривање на јавно објавување на пресретнатите материјали. Оваа забрана може да влијае на слободата на медиумите и правото на јавноста да знае важни информации, стои во мислењето од Венецијанската комисија.

Од министерството за правда, кое е подносител на Законот, велат дека ќе се обратат до Венецијанската комисија и ќе воспостават комуникација со цел размена на аргуметнти.

Откако ќе се обратиме до Венецијанската комисија, ќе побараме мислење од нивни експерти и ќе одиме со аргументи за и против па, ќе дискутираме како и за сите досега објавени мислења на комисијата, вели за 24 вести заменик министерот за правда Билјана Бришкоска.

Од владејачката партија велат дека се уште го анализираат мислењето на Венецијанската комисија. Портпаролот на СДСМ вели дека секој кој што има материјали со содржина од јавен интерес не треба да се двоуми дали да ги објави.

Како дел од политичкиот договор од Пржино е да не се објавуваат и понатаму бомбите и знаете дека ние веќе немаме таков тип на материјали бидејќи веќе се предадени во Специјалното јавно обвинителство, меѓутоа тоа е сериозен индикатор дека секој кој што поседува или има сознанија за евентуални кривични дела на носители на државни функции ќе треба да ги објавува.

Кога беше донесен законот пред околу пет месеци, партиите потписнички на Договорот од Пржино, се договорија да ги вметнат во законот препораките од Венецијанската комисја во рок од 5 дена кога ќе бидат објавени.

Професорката Тања Каракамишева која во јануари годинава беше избрана за претставник на Македонија во Венецијанската комисија, вели дека не учествувала во изготвувањето на текстот со препораките за Законот за бомбите, а не може ниту да го коментира, бидејќи такви биле правилата на ова советодавно тело.

Законот за бомбите предизвика бурни реакции во јавноста кон крајот на минатата година, кога пратеникот на ДУИ Талат Џафери и Крсто Мукоски од владејачката партија предложија да се забрани објавувањето на т.н бомби на Заев во медиумите. По кратко време законот беше повлечен, а потоа изменет и донесен во пакет со уште неколку други закони кои произлегоа од Пржинскиот договор.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико