Венецијанската комисија порачува – уставните промени не се добро решение | Правдико

Правдико

   

Венецијанската комисија порачува – уставните промени не се добро решение

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новите нацрт амандмани кои треба да влезат во Уставот делумно се спорни за Венецијанската комисија, орган на Советот на Европа кој проверува дали законодавствата на земијите членки ги почитуваат човековите права и слободи. Забелешки има скоро за сите, но особено за нацрт амандманот за дефинирање на брачната заедница.

94874

Во извештајот на комисијата се наведува: „Државите имаат голема дискреција во регулирање на институцијата брак. Меѓутоа, доколку амандманот зборува за други форми на партнерства, не треба да се исклучат двојките од ист пол од истото ниво на правно признавање како што се обезбедува на двојки од различен пол“.

Покрај овој амадман од комисијата забележуваат и на создавањето на Меѓународната финансиска зона.

„Постои ризик дека овој „орган на управување” ќе добие премногу широки овластувања и нема да биде потчинет на уставни органи на државата и на тој начин нема да биде одговорен кон луѓето.“

По однос на нацрт амандманот која дава моќ на Уставниот суд да одлучува за уставните жалби на граѓаните за широк спектар на основните права, Венецијанската комисија го поздравува овој развој но потенцираат:

„Oваа реформа ќе биде успешна само со внимателна подготовка, која ќе бара усвојување на закон за Уставниот суд и јасна дефиниција во Уставот за обемот на основните права кои се заштитени со овој правен лек.“

Венецијанската комисија ги објави своите забелешки по минатомесечната посета на земјава.

Од Министерството за правда уште тогаш рекоа дека комисијата има забелешки за скоро на сите амадмани, но по нив, ќе се изјаснат откако детално ќе ги разгледаат.

Инаку, извештаите на Венецијалнската комисија се советодавни, но земјите члнеки на Советот на Европа имаат обврска да ги земаат во предвид нивните препораките.

Новите предлог амандмани наидоа на голема полемика и кај домашната експертска јавност. Конечните амандмани за измени на Уставот, ќе се најдат пред пратениците кон крајот на месецот.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико