Венецијанската комисија со позитивна оценка за новиот закон за заштита од дискриминација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Новиот закон за спречување и заштита од дискриминација има голем број позитивни аспекти, е оценка на Венецијанската комисија, која го разгледуваше предлогот на 16 и 17 март и заклучи дека тој е многу подобар од досегашиот Закон.
Како придобивка во новите законски решенија ја споменува тужбата за заштита од дискриминација од јавен интерес (actio popularis).
„Здруженија, фондации и други организации од граѓанското општество, кои имаат оправдан интерес за заштита на интересите на одредена група или во рамките на својата дејност се занимаваат со заштита од дискриминација, можат да поднесат тужба ако покажат дека со постапувањето на тужениот се дискриминираат голем број лица“, се вели во новиот предлог закон.
Извор: ТВ24