Венецуела е обвинета дека е светски центар за шверц со кокаин | Правдико

Правдико

   

Венецуела е обвинета дека е светски центар за шверц со кокаин

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

При крај е истрагата на САД против десетина високи функционери во Каракас, кој наводно се шефови на нарко картели

Venecuela-Sta-bi-rekao-Caves-da-je-ziv

Американските власти водат официјална истрага против десет високи функционери од Венецуела кои се осомничени дека земјата направиле глобален центар за шверц на кокаин и перење пари.

Во Венецуела, според некои извори, многу години се крие и Дарко Шариќ, пред да биде екстрадиран во Србија, каде што му се суди за трговија со кокаин и перење пари.

Највисокиот функционер меѓу политичарите осомничен за бизнисот со дрога е актуелниот претседател на Собранието Диосадо Кабело, борецот во револуцијата, кој заедно со, Хуго Чавез, се обидел да изврши државен удар во 1992 година.

Вчерашниот “Вол стрит журнал” во голема статија за Венецуела, како центар на нарко-мафијата пишува дека Кабело очигледно е клучна личност, ако не шеф на кокаин картелот.

Официјален Каракас досега обвинувањата од Вашингтон ги толкува како “Обид на САД за дестабилизација на левичарската влада во Венецуела” а Диосадо Кабело побара забрана за напуштање на земјата за неколку бизнисмени и новинари, кои неосновано објавувале информации за неговата наводна улога во бизнисот со кокаин .

“Сметам дека ми е нанесена голема неправда, а никој од нив не се извини затоа што бев наречен нарко шверцер без ниту еден докази”, рече Кабело пред една недела за време на телевизиско шоу.

Вчера, американскиот “Вол стрит журнал”, цитира десетина луѓе кои се запознаени со истрагата а кои тврдат дека имаат информации за вклученоста на високи службеници од Венецуелскио врв за бизнисот со дрога. Сите се луѓе кои некогаш биле во близина на владини претставници.

Препорачуваме

Партнери на Правдико