Венецуела: Потврдена 14 годишната казна затвор на лидерот на опозицијата | Правдико

Правдико

   

Венецуела: Потврдена 14 годишната казна затвор на лидерот на опозицијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

263920Венецуелскиот Апелационен суд во петокот ја потврди 14-годишната затворска казна изречена на лидерот на опозицијата Леополд Лопез за поттикнување насилство за време на анти-владините протести во 2014 година, изјави неговиот адвокат.

Адвокат Хуан Карлос Гутиерес за АП изјави дека по три недели разгледување, судиите ја “потврдија првичната пресуда”.Лопез, поранешен градоначалник школуван на Харвард, ги негираше обвинувањата за поттикнување на насилство.Владини официјални лица тврдат дека Лопез беше зад бранот насилства во кои три лица загинаа, а десетици други беа повредени на протестите против владата на претседателот Николас Мадуро во февруари 2014 година.

Владини официјални лица претходно го обвинија Лопез дека соработува со владата на САД, со цел “во Венецуела да изврши државен удар.”Неговиот адвокат, по пресудата вчера на Апелациониот суд, објави дека случајот ќе се жали и пред Судскиот совет на Врховниот суд и во Обединетите нации.

Препорачуваме

Партнери на Правдико