Венецуела: Претседателот Мадуро ослободи од затвор тројца опозициски активисти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ослободи тројца опозициски активисти кои во притвор минаа повеќе од еден месец, што претставува прв знак на попуштање од негова страна од почетокот на разговорите со неговите политички противници.
Социјалистичкиот претседател Николас Мадуро во текот на изминатиот викенд се сретна со претставниците на опозицијата на разговорите на коишто повика Ватикан. Тие го условија продолжувањето на разговорите со ослободувањето на политичките затвореници, како и одржување референдум за доверба на Мадуро.
Противниците, коишто имаат мнозинство во парламентот, го обвинуваат претседателот дека со влијание врз институциите го блокирал референдумот за негово отповикување на должноста и оти од Венецуела создал диктатура.
Властите ги ослободија тројцата активисти: Карлос Мело, Андес Морено и Марко Трехо, меѓутоа опозицијата тврди дека во притвор има уште повеќе од сто.
„Се надевам дека ова што ми се случи мене, ќе им се случи и на другите“, изјавува Мело на снимката емитувана по неговото ослободување. Мело беше уапсен во август и осуден за поседување експлозив кој наводно требало да биде употребен во пуч против претседателот Мадуро.
Морено и Трехо минаа еден месец во притвор поради обвинувањата дека му наштетиле на воениот морал со политичко-пропагндната снимка којашто прикажуваше војник кој пати од истите економски проблеми како и демонстрантите
„Ослободувањата мора да продолжат. Мора да ни биде овозможен референдум или да се одржат претседателски избори“, изјави Жезус Тореалба, секретар на опозициската коалиција Демократска унија, додавајќи дека во притвор уште останале познати опозициски лидери како Леополд Лопез, АнтониоЛедезмаи Мануел Розалес.
Редовните претседателски избори во Венецуела треба да се одржат кон крајот на 2018 година.
Мадуро, кој се бори со недостиг од основни продукти и енормно високи цени во проблематичната венецуелска економија како последица на падот на цените на нафтата која е еден од главните извори на девизи и приходи на земјата, тврди дека е жртвана заговор на опозицијата и „економската војна“ за колонизација на Венецуела која ја водат корпорациите со помош на САД.
Извор: Макфакс