Венецуела: Шест лица убиени при протестите против изборите за уставотворно собрание | Правдико

Правдико

   

Венецуела: Шест лица убиени при протестите против изборите за уставотворно собрание

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шест лица беа убиени вчера во Венецуела на протестите против изборите за уставотворно собрание, распишани по инсистирање на претседателот Николас Мадуро.

Во западната држава Тачира, до границата со Колумбија, беа застрелани две момчиња на 13 и 17 години, а малку пред тоа беше застрелан и еден војник. Во Каракас беа убиени уште три лица, соопшти обвинителството.

Во целата земја владее напнатост. Во текот на ноќта во сабота спроти недела беа убиени кандидат за уставотворно собрание и лидер на опозицијата.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико