Верушевски се појави во судница, ќе сведочи за масовното прислушување | Правдико

Правдико

   

Верушевски се појави во судница, ќе сведочи за масовното прислушување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ексразузнавачот и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, утрово се појави во Кривичниот суд во Скопје да сведочи во предметот на СЈО за масовното прислушување „Таргет-Тврдина”. Претходното рочиште беше одложено бидејќи немаше уредна достава дека ја примил судската покана.

Во судот насмеан со обезбедувачите влезе и ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков, како и други обвинети во случајот, заедно со нивните адвокати.

Во „Таргет – Тврдина“ освен Мијалков, обвинети се и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, тогашниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработените во УБК, Никола Бошкоски, Маријан Шумуликоски, Силвана Златкова, Васил Исаковски, Валентина Симоновска и Надица Николиќ. Грујевски и Бошокоски избегаа во Грција и нив им се суди во отсуство.

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. Предметот е во доказна постапка.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико