Весковски: СЈО го чешла „ЈП Водовод и канализација“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалното јавно обвинителство, ревизори и други институции го проверуваат јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во Скопје, откри за телевизија 24 директорот Душко Весковски.
Тој рече дека адвокати и нотари остварувале финансиски бенефити од „Водовод“, а имало и апсурни вработувања, како на пример тоа што стоматолог бил вработен во лабораторија на „Водовод“.
Вескоски вели дека претпријатието e во долгови, а многу државни институции во минатото не плаќале сметки за вода.
Весковски посочи дека само Клиничкиот центар 10 години не плаќал за вода.
Извор: Макфакс