(Видео) 157 сообраќајни прекршоци во Скопје, 54 за брзо возење | Правдико

Правдико

   

(Видео) 157 сообраќајни прекршоци во Скопје, 54 за брзо возење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.8.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, девет за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 10 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за возач почетник, 43 за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Препорачуваме

Партнери на Правдико