Правдико

   

(Видео) Адвокат за случајот за Тамара: Уште повеќе ќе се докажува дека средства наменети за лекување не биле искористени за тоа

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатот Љубомир Михајловски, кој е бранител на обвинети во случајот за лекувањето на малата Тамара, по денешното рочиште рече дека се потврдило она што тие долго време го кажуваат, односно дека јавноста во изминатиот период е доведена во заблуда бидејќи на мајката на Тамара ѝ било понудено лекување во странство кое било претходно договорено.

„Таа го одбила лекувањето на Тамара бидејќи сакала да биде азилант на САД или Германија, искористувајќи ја состојбата на нејзината ќерка. Денеска беа утврдени многу факти околу состојби кои се сосема различни од тоа што досега се кажуваше во јавноста. Сметам дека ова е пресврт во судењето и дека во понатамошниот тек на постапката само уште повеќе ќе се докажува околу средства кои се собрани, потрошени, средства кои биле наменети за лекување, а не се искористени за лекување“, рече Михајловски.

Тој рече со материјални докази ќе докажат дека паричните средства, решенијата и формалностите не биле пречка за Тамара да се лекува во странство. Михајловски вели дека ова ќе се потврдува и во наредниот период.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико