Правдико

   

(Видео) Адвокатот Даути смета дека сите сведоци во „ТНТ“ може одново да се сослушаат во едно рочиште

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатот Мерџан Даути, кој ја брани обвинетата Елизабета Најдовска, по денешното откажано рочиште рече дека треба одново да се сослушаат сите сведоци во „ТНТ“, и тоа во едно рочиште.

„Јас сметам дека одново треба да се сослушаат сите сведоци. Сите сведоци можат да се сослушаат во едно рочиште. Не е одолговлекување на постапката“, рече бранителот Мерџан Даути.

Бранителот на Најдовска посочи дека денес доставил и нови докази, како и барања до судот.

„Јас сум се вклучил подоцна и денес поднесов нови барања и докази, кои требаат да бидат дел од овој случај. Дали јас ќе дадам согласност, да се произнесам – сметам дека нема да можам. Имаме нови прашања, околности“, рече Даути.

Со нова поротничка денеска одново стартуваше судењето за случајот „ТНТ“, откако вчера поротничката Лилјана Ивановска-Кочковска поднесе оставка. Денеска не се појави обвинетиот ексградоначалник Тони Трајковски, а неговиот адвокат Јовица Страшевски објасни дека немал добиено покана.

Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Спроед обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико