(Видео) Африм Гаши поднесе кривична пријава против Билал Касами
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Африм Гаши и триесетина негови поддржувачи поднесоа кривична пријава против Билал Касами за злоупотреба на службената положба како претседател на Движењето Беса. Според нивните сознанија, Касами го прекршил Законот за политичките партии и Статутот на партијата. Кривичната пријава ја поднеле вчера во Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената должност – правен застапник на Движењето Беса пред органите на правдата и фалсификување на документацијата на Движењето, а во Управниот суд е поднесено барање за поништување на фалсификатот што според нив го направил тој во документите на Движењето Беса во надлежниот основен суд.
– По ова, тој и неговиот клан, од кои некои се повикуваат на легалноста, сега веќе ќе треба да одговараат пред органите на правдата за киднапирање на политичката партија за тесни лични и клански интереси. Притоа уште еднаш повторуваме дека ова манипулација е направена во времето кога активистите на Беса му веруваа нему и покажуваа лојалност кон него, што подразбира дека задачата за поделба и уривање на Беса тој ја започнал одамна, се разбира, под директива – изјави Орхан Муртезани од Беса.
Од кабинетот на Билал Касами велат дека обвинувањата се неосновани и станува збор за клевети.
-Сега е јасно кој клевети и кој се труди да направи медиумско шоу од ништо , создавајќи заблуда во јавноста и фрлајќи кал по претседателот Биљал Касами. Движење БЕСА и претседателот Биљал Касами нема да ги коментира нивните клевети, компетентните органи според законот нека си ја вршат својата работа. Ние штотуку завршивме еден битен процес на организирање на конгресот и целокупната документација од конгресот сме го доставиле до судот. Движењето Беса ја чека голема работа во правец на политичкото артикулирање на барањата и потребите на албанците во Македонија, затоа сите наши политички и професионални ресурси сме ги фокусирале во тој правец, додаваат од кабинетот на Касами.
Раздорот во Беса почна пред неколку месеци по одржувањето два посебни состанока во Тетово и Скопје, на кои беа донесени различни заклучоци и одлуки за одржување конгрес. На едниот конгрес, кој се одржа на 18 февруари во Тетово, за претседател беше избран Африм Гаши, а на конгресот одржан една недела подоцна во Скопје делегатите го избраа Билал Касами за лидер на Движењето Беса.
Извор: Макфакс