(Видео) Алексиќ: Одбраната не ги прими сите докази на кои се повикува СЈО | Правдико

Правдико

   

(Видео) Алексиќ: Одбраната не ги прими сите докази на кои се повикува СЈО

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„На минатото рочиште приговаравме дека она што беше ставено во листата на докази односно предложено да се изнесе како доказ не одговара со доказите кои им беа доставени на одбраната од страна на СЈО“, изјави адвокатката на обвинетите во случајот „Труст“, Сања Алексиќ, по завршување на денешното рочиште.

 

Таа рече дека извадиле листа на многу докази кои одбраната воопшто ги нема примено. „Законот за кривична постапка предвидува контрадикторна расправа. Ние цело време приговараме доколку одбраната ги нема примено сите докази на кои што се повикува јавниот обвинител“, вели Алексиќ. Таа информираше дека второ и трето обвинетите цедето со докази го примиле на минатото рочиште и денеска се повикаа на приговорите во насока на тоа дека не се соодветствува листата на докази со она што им е предадено како доказен материјал од страна на СЈО.

„Одбраната имаше и приговор за сведоците. Согласно Законот за кривична постапка одбраната има право да ги предлага како сведоци истите лица кои што ги предлага јавниот обвинител. Во конкретен случај на денешното рочиште приговаравме дека СЈО ги немаше предложено овие сведоци во листата на докази, туку имаше предложени некакви материјални докази и записници за прибирање на известувања од овие два сведока што согласно Законот за кривична постапка. Нашето сфаќање и толкување на Законот не е предлог за вербален доказ“, изјави Алексиќ. Според неа, судот се произнел дека нема да дозволи одбраната да ги испитува сведоците во директно испитување, со што според неа, е повредено правото на одбрана.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико