Правдико

   

(Видео) Алиспахиќ: Извештајот за вештачењето за смртта на Саздовски е направен без исказите на сведоците

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вештачењето е составено од 2 елемента, наод и опсервација на сите докази, од кои потоа произлегува мислење и заклучок кои го даваат оние што го изработуваат вештачењето. Во конкретната ситуација докторот потврди дека при доставување на материјалните докази од Јавното обвинителство не биле доставени двата искази на сведоците очевидци, Катерина Николовска и Миле Алексовски, кои биле дадени на 10 јули 2018 година, а наредбата за изработка на тој писмен извештај од вештачењето е дадена дури 3 дена подоцна, односно на 13 јули, рече Асмир Алиспахиќ, адвокатот на еден од обвинетите за смртта 20-годишниот Никола Саздовски.

Алиспахиќ додаде дека докторот кој го вршел вештачењето на многу професионален начин образложил како настапила смртта кај Никола Саздовски и токму поради тоа, според него, обвинетите не може да се гонат за кривичното дело поставено од ЈО, „убиство на свиреп начин“.

„Јасно беше наведено дека постоеле три повреди од кои две во предел на левата и десна очна регија, а третата повреда била во задниот дел на главата. Но, не може со точна сигурност да се потврди која од тие повреди била смртоносна. Она што може да се потврди е дека останатите повреди, кои според докторот се уште три во пределот на телото, се повреди во вид на хематоми и црвенило, кои се класифицираат како телесни повреди со незагрозувачка витална функција на самите органи. Со ова може да дојдеме до една слика дека навистина не може да стане збор за вакво тешко кривично дело како што е поставено обвинението“, рече Алиспахиќ.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико