(Видео) Антикорупционерите ќе испитуваат како се доделуваат државните награди | Правдико

Правдико

   

(Видео) Антикорупционерите ќе испитуваат како се доделуваат државните награди

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Антикорупциската комисија ќе испитува на кој начин се доделува државната награда „Климент Охридски“.

 

Членовите на ДКСК, по предлог на заменик-претседателот на комисијата Нури Бајрами, едногласно одлучија да бараат одговори од Министерството за култура за критериумите и комисијата што ги доделува наградите поради недоволна транспарентност.

Одлуката следува по пријава од универзитетска професорка, која реагира што наградата се злоупотребува и наместо Владата да ја доделува на наставници и професори, ја добиваат функционери, декани и ректори на универзитети.

Иако нема конкретни наводи за корупција во пријавата, ДКСК ја оцени како оправдана потребата од поголема транспарентност во доделувањето на наградата вредна четири илјади евра.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико