(Видео) Антикорупциска: Јавноста да ги пријавува сите злоупотреби во изборниот процес | Правдико

Правдико

   

(Видео) Антикорупциска: Јавноста да ги пријавува сите злоупотреби во изборниот процес

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Антикорупциската комисија ги охрабрува граѓаните, невладините организации и медиумите да ги пријавуваат сите неправилности во изборната кампања за избор на претседател и локалните избори во Охрид, Дебар и Ново Село.

Од комисијата потсетуваат дека во периодот од 20 дена пред почетокот на кампањата па сè до изборот на претседател и градоначалник не може да се одржуваат јавни настани по повод изградба и пуштање во употреба објекти изградени со буџетски пари, водоводи, училишта, градинки и сл. Забрането е да се користи канцелариски простор и опрема, како и службени возила на државни органи за изборни цели.

ДКСК ќе врши контрола на буџетските пари и ќе го следи финансирањето на изборната кампања, по сопствена иницијатива, по поднесен приговор од организатор на изборна кампања или од акредитирани набљудувачи.

На веб-страницата на антикорупциската комисија објавена е формата на Пријава за сомневања за незаконитости и прекршувања во изборниот процес која може да ја пополни секој кој има информации дека се злоупотребуваат буџетски средства за изборни цели, ако се вршат обиди за притисоци и закани врз гласачи, ако се почнува со изградба на јавни објекти, водоводи, училишта, патишта или ако се исплатуваат пензии, социјална помош и плати кои не се редовни месечни исплати.

На веб-страницата на ДКСК е објавен регистар на возила на државни органи, на општини и на јавни претпријатија, со регистарски таблички. Од комисијата повикуваат секој што ќе детектира залоупотреби на возила за изборни цели, да го пријави случајот во ДКСК.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико