(Видео) Антикорупциска отвори предмет за имотот на ексдиректорот на МЕПСО, Сашо Василевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Антикорупциската комисија отвори предмет за ексдиректорот на МЕПСО, Сашо Василевски, и ќе го испитува неговиот имот. Антикорупциската комисија ќе испитува дали со приходите што тој ги имал можел да се стекне со толкав имот, како и за начинот на кој го стекнал.
Ова следува откако „А1он“ објави дека Василевски купил стан од фирма на осомничен во истрагата „Поштенска банка“, имот кој СЈО не побарало од судот да го замрзне.
Од документите од скопскиот катастар до кои дојде „А1 он“ и од дополнителната проверка во електронскиот систем се гледа дека станот од 109 квадрати и пет квадрати гаража Василевски, кој важи за близок човек до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го купил на 30 октомври 2018 година по цена од 80 илјади евра.
Ова се случило само 17 дена откако СЈО ја отвори истрагата за предметот „Поштенска банка“, каде што осомничен бизнисмен е токму сопственикот на фирмата „Бентон“ ДООЕЛ експорт-импорт од Гевгелија, Томе Главчев, oд каде што е купен станот. Извори од СЈО за „А1 он“ изјавија дека Катица Јанева кажала тој стан да не биде замрзнат бидејќи наводно бил проблематичен.
Станот во скопски Карпош на улица Орце Николов, Василевски го купил со кредит од банка од 55 илјади евра, а останатите ги доплатил. Станот е ставен под хипотека, а банката ѝ ги уплатила парите на фирмата на Главчев. Тоа значи дека еден квадрат од станот го купил за приближно 730 евра од квадратен метар, иако во овој дел од градот цените на становите надминуваат 1.000 евра од квадратен метар.
Извор: Макфакс