(Видео) Антикорупциската ќе ги истражува вработувањата на семејствата на функционерите | Правдико

Правдико

   

(Видео) Антикорупциската ќе ги истражува вработувањата на семејствата на функционерите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе истражува непотизам во последните вработувања на лицата блиски до некои од функционерите. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, рече дека нема стигнато претставка, но ќе постапат по сопствена иницијатива. Најави дека ќе побараат целосна документација за вработувањата и по анализите, ќе ја известат јавноста.

-Нема судир на интереси помеѓу ќерката на Џафери и членот на ДКСК, Нури Бајрами, но ќе си го искоритиме правото , чл 17, да вршиме антикорупциска проверка на законите и да укажеме каде би требало да се зајакнат да не дојде до вакви случаи,  наша улога е да дејствуваме превентивно, да се зајакнат институциите, да се зголемат контролите, да се утврдат процедури и критериуми кои ќе обезбедат вредност, порача Ивановска.

Ивановска додаде дека ќе ги истражат и случаите поврзани со последниот скандал на Министерството за култура и претходно со Фондот за иновации.

Во врска со вработувањата на децата на функционерите, Ивановска рече дека нема правило по кој редослед ќе ги истражуваат, но додаде дека ќе потенцираат оти треба допрецизирање во законот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико