Правдико

   

(Видео) Атанасов: Со новиот закон за високо образование универзитетите им се враќаат на професорите и студентите

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија порачуваат дека ќе продолжат со спроведување на мерките за унапредување на образованието, што, како што велат, е предуслов за општествен развој, економски напредок и повисок животен стандард.

„Пратениците од владејачкото мнозинство вчера го изгласаа новиот закон за високо образование, кој обезбедува поголем квалитет на образованието и автономија на универзитетот. Со новата законска регулатива универзитетот што досега свесно беше ставен на маргините на општеството, повторно станува важен дел на системот. Ги обезбедуваме уставно загарантираната академска слобода, достоинство на професорите и на студентите и го враќаме угледот на универзитетот. Три основни начела се вградени во новото законско решение: почитување на автономијата на универзитетот, дизајнирање нов начин на управување со универзитетот, како и решавање на суштинските прашања, квалитетот и финансирањето во високото образование“ изјави Петар Атанасов од СДСМ.

Универзитетите, преку овој закон, според Атанасов, им се враќаат на професорите и на студентите, без можност за дневно политички влијанија во спроведувањето на нивната настава, научна и кадровска политика.

„Создадовме услови државните универзитети вистински да се реформираат, но не преку централизација на дејноста и функциите, туку преку подемократско и потранспарентно управување, во кое одлучувачки фактор ќе бидат професорите, нивните матични институции и студентите. Ова ново и исклучително важно законско решение беше подготвено во соработка со претставници на универзитетите, на синдикатите во образованието, како и претставници од професорскиот и од студентскиот пленум, што дава дополнителен квалитет. Исто така, процесот на подготовка на законот го следеа низа јавни расправи, при што беа земени предвид мислењата и предлозите што произлегоа од тие дебати“, додаде Атанасов.

Тој нагласи дека преку еден транспарентен и инклузивен процес усвоен е закон кој, како што вели Атанасов, е целосно во согласност со европските стандарди и критериуми, кој гарантира обезбедување квалитет во високото образование.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико