(Видео) Бошкоски: Обвинетите сигурно ќе одговараат за бруталноста при моето апсење | Правдико

Правдико

   

(Видео) Бошкоски: Обвинетите сигурно ќе одговараат за бруталноста при моето апсење

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Моето апсење беше брутален пар екселанс за кој сигурно ќе одговараат обвинетите. Се надевам дека судот во тој правец ќе ја води постапката, транспарентна и праведна, рече оштетениот Љубе Бошкоски по денешното прво рочиште за своето апсење во кое првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а исто така се обвинети и шестте припадници на единицата „Алфа“, кои го извршуваа апсењето.

Во воведните зборови на денешното рочиште одбраната на обвинетите изјави дека тие постапиле на таков начин бидејќи лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, давал отпор при неговото приведување, што е спротивно на она што го пишува во обвинителниот акт што го презентира специјалното јавно обвинителство.

– Дали сум давал отпор, ќе видиме од доказните материјали што ќе бидат пуштени во судницата. Бевте сведоци дека приведувањето беше брутално малтретирање и доведување вторпат како во некој режиран филм затоа што некоја камера од некоја македонска телевизија тоа не го снимила во првото мое апсење. Денеска обвинетите зборуваа за невиноста и нестореното кривично дело, јас се надевам дека судот во една правична постапка ќе го докаже спротивното – рече Бошкоски.

Тој во текот на рочиштето се изјасни дека ќе бара материјална отштета од обвинетите доколку се докаже дека тие се виновни, но не ја кажа точната сума.

– Материјалната побарувачка е најмалку важна, не сме тука за материјалната штета, туку за штетата што ми е нанесена мене, на моето семејство, на мојата политичка партија во овој полициско-политички монтиран процес за кој впрочем се изјасни целиот демократски свет почнувајќи од Стејт департментот до невладините организации како „Хјуман рајтс“ – вели Бошкоски.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико