(Видео) Бошњаковски: Советот за реформи заврши со работа, со новото тело ќе претседава Заев | Правдико

Правдико

   

(Видео) Бошњаковски: Советот за реформи заврши со работа, со новото тело ќе претседава Заев

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за реформа во правосудтсвото ја заврши својата работа и владата им благодари за досегашната соработка, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски образложувајќи пред новинарите зошто премиерот Зоран Заев ќе застане на чело на новото работно тело кое ќе се формира за следење на имплементацијата на стратегијата за правосудтсвото.

-Сега следува имплементација и се посветуваме на делот 9, од Планот за реформи 3-6-9. Нема недоверба во работата на Советот за реформи, Владата се заблагодари на сработеното досега, тие беа консултирани за 3 и 6, тие ги лоцираа проблемите, се направи стратегија и сега следува имплементација. Ова беше работно тело, и следното ќе биде но го издигаме на повисоко ниво, вели Бошњаковски.

Бошњаковски не открива дали новото тело ќе биде составено од експерти и кој се ќе членува, единствено повтори дека ќе се формира до крајот на месецот.

Претходно, дел од членовите на Советот за реформи јавно ја критикуваа работата на телото, а оставки си поднесоа универзитетските професори Гордан Калајџиев и Мирјана Најчевска. Тие јавно проговорија дека биле изиграни од власта и дека нивниот ангажман бил само декор и параван , наместо подготовка на суштински реформи во правосудството.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико